(ФОТО) ФОТОГРАФИИ КОИ ГО РАСТАЖАЛЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Принцот Жак од Монако не се одвојува од помалата сестра!

Откако засадиле јужноафриканско дрво со другите деца, но и со нивниот татко, принцот Алберт, во чест на нивната мајка, принцезата Шарлин, која моментално е хоспитализирана поради здравствени проблеми, шестгодишниот принц Жак нежно ја прегрна својата сестра Габриела, давајќи ѝ со тоа до знаење дека се’ ќе биде добро.

Откако нивната мајка, принцезата Шарлин, беше хоспитализирана на тајна локација поради здравствени проблеми, сите погледи на светот беа вперени во нејзините деца, шестгодишните близнаци, принцот Жак и принцезата Габриела. Затоа и не е чудно што фотографиите направени вчера, за време на садењето на јужноафриканското дрво во чест на принцезата Шарлин, за кратко време го обиколија светот.



А како и нема, кога на нив е снимен моментот во кој принцот Жак нежно ја прегрнува својата сестра, принцезата Габриела. Откако му помогнале на својот татко, принцот Алберт, но и на другите собрани деца во садењето дрвја, прифаќајќи се со лопати и копајќи, Жак застанал до својата сестра и ѝ објаснил нешто.

Тој најпрвин ја фатил за рака, потоа ја прегрнал, а тој момент го овековечил и фотографски објектив.



Инаку, близнаците со своите цртежи и пораки за поддршка веќе јавно покажаа колку им недостига нивната мајка, која по десетмесечно отсуство се врати од Јужна Африка во Монако, но остана со нив само неколку дена. Како што открил самиот принц Алберт, таа била хоспитализирана поради нејзината здравствена состојба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …