(ФОТО) Пејачката објавила дека го изгубила бебето, но сепак одржува концерт: „Тоа и треба на мојата душа“

Откако на својот Инстаграм профил ја сподели тажната вест за спонтан абортус, британската пејачка Џеси Џеј потврди дека сепак ќе настапува, само еден ден откако дозна дека „срцето на бебето престанало да чука“.
Имено, Џеси на Инстаграм објави фотографија на која држи тест за бременост и лежи на кревет.
„Вчера наутро се насмеав со една пријателка велејќи: ‘Сериозно, како ќе го издржам мојот настап во ЛА утре вечер без да и кажам на публиката дека сум бремена? Веќе вчера попладне бев загрижена како ќе го изведам настапот без да се скршам… По третиот ултразвук ми рекоа дека веќе не ми се слуша чукањето на срцето…“, напишала пејачката во емотивната објава.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)


Иако го загуби бебето, и покрај тоа што можеби многумина не ја разбираат нејзината одлука, пејачката изјавила дека ќе го одржи настапот бидејќи чувствува дека токму тоа може да и помогне во овој момент.
„Имав два настапи за 2. години и ова и треба на мојата душа. Денеска уште повеќе. Знам дека некои ќе речат дека треба да го откажам настапот. Но во моментов сум сигурна само во едно. Почнав да пеам кога бев млада поради радоста, за да ми ја наполни душата, тоа никогаш не се променила и морам тоа да го обработам на свој начин“, објаснила таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …