НОВ СКАНДАЛ – Приватен истражител од палатата признал дека ги малтретирал Хари и неговата девојка: „Шмркав кокаин и уживав во лажна големина“

Приватен истражител изјавил дека тој бил дел од „немилосрдната“ медиумска култура која му го „грабнала“ нормалниот живот на принцот.
Гевин Бароус, приватен истражувач на кралското семејство, се извинил за своето претходно однесување во „The Princes and the Press“ на Би-Би-Си, овој документарец ги истражува односите на принцот Хари и принцот Вилијам со медиумите, пишува People.

„Во основа бев дел од група луѓе кои му ги грабнаа неговите вообичаени тинејџерски години“, признал Бароус за принцот Хари, кој сега има 37. години, додавајќи дека медиумската култура во раните 2000-ти бил опасен период. Приватен истражител рекол дека уредниците на документарецот го опишале Хари како „новата Дијана“, обидувајќи се да ги откријат приказните за принцот Хари, Буроус ја таргетирал поранешната девојка Челси Дејви, со која принцот Хари се забавувал до 2011. година.


View this post on Instagram


A post shared by chelsydavy (@chelsydavy)

Приватниот истражител признал дека многу пати се случило неговата говорна пошта да биде хакирана, „имаше многу надзор над нејзиниот телефон“, пренесува People. Бароус, исто така, открил дека ги копал медицинските досиеја на Челси, вклучително и информации поврзани со сексуално преносливи болести или абортуси.

Бароус јавно му се извинил на принцот Хари, велејќи дека му е „многу жал“ и дека вака се однесувал од алчни причини, „Уживав во кокаин и живеев во лажна состојба на величина“, пишува People. Во документарецот се појавила и Роја Никах од „The Sunday Times“, велејќи дека вниманието на девојките на принцот Хари било преголемо. „Кога излегувате или размислувате да се омажите за член на кралското семејство, контролата што ја поднесувате е огромна“, ги цитира порталот нејзините коментари.

Новинарката додала дека Хари тогаш имал 30-ти години, во време кога неговите пријатели основале семејство а тој морал да бара начини да го држи својот љубовен живот подалеку од приватните истражувачи – што било речиси невозможно.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …