Намалете ги јаглехидратите за да изгубите тежина? Не мора, нутриционист советува како!

МНОГУ луѓе ја популаризираат диетата со низок удел на јаглехидрати како добар и правилен начин веднаш да ослабат и да останат здрави, но тоа всушност не е така. Јаглехидратите генерално не се причината поради која се чувствувате лошо ниту ве спречуваат да водите здрав начин на живот. Всушност, тие треба да се јадат за да се зголеми ефикасноста на вежбањето и да се одржи чувството на ситост, тврдат нутриционистите.
Бек Милер, клинички нутриционист и основач на интернет платформа која нуди совети за здрав живот и слабеење без глад и чувство на вина, даде неколку совети за избор на најквалитетни извори на јаглехидрати.


Прво и основно, ако јадете јаглехидрати, тие мора да бидат богати со хранливи материи за да ве заситуваат подолго, да ви помогнат да ја одржите острината, меморијата, концентрацијата, издржливоста и многу повеќе.
Ако се обидувате да го намалите внесот на нутритивно сиромашни јаглехидрати и да го зголемите внесот на богати, редоследот подолу може да ви помогне да идентификувате некои за кои можеби не сте ни верувале дека се особено добри за вас.



Бек Милер го наброја следново, од најнизок квалитет до најквалитетен, а ќе наидете на неколку изненадувања:
Крофни, кроасани, колачи, печива
Ориз крекери и чипс
Високо преработени житарки
Кускус
Бел леб, бели тестенини, бел ориз
Тортиљи од пченка


Леб од повеќе видови житарки
Кафеав ориз
Слатка пченка
Компири


Овес
Булгур, киноа, хељда, јачмен, мешунки
Повеќето овошје и зеленчук

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …