(ФОТО) 9. ПРАВИЛА НА УРЕДУВАЊЕ НА КУЌАТА НА ЏОАНА ГЕЈНС: Организирајте си го животот со СТИЛ!

Ѕвездата на популарното американско ТВ шоу „Fixer Upper“, Џоана Гејнс и нејзиниот сопруг Чип со години ги инспирираат луѓето од целиот свет кога станува збор за уредување на куќа.
Џоана Гејнс е мултиталентирана и неверојатно организирана жена која веќе неколку години го снима шоуто „Fixer Upper“ со својот сопруг Чип, што ни дава увид како може за малку пари да купите стара куќа во Америка. и да добиете место за живеење за кое сте сонувале.
Џоана Гејнс го започнала својот бизнис преку блог во средината на 2000-тите, а набрзо се најде со можност да направи шоу за животниот стил со нејзиниот сопруг, кое се занимава со целосно уредување на надворешноста и внатрешноста на куќите во нејзиниот роден град Вејко во Тексас. Имено, во шоуто најчесто парови со одредена сума пари доаѓаат да купат стара куќа, која Чип и Џоана потоа целосно ја реновираат во нивниот добро познат стил, но секако земајќи ги во предвид желбите на своите клиенти.

Џоана е жена која го минува времето, освен кога дизајнира и раководи со задачи што нејзиниот сопруг и неговите колеги занаетчии ги прават за да ја реновираат куќата, посетувајќи пазари за стари предмети каде што наоѓа мебел и детали кои завршуваат во една од куќите на кои работат. Нејзиниот стил е оној за кој велиме дека е „американски“. Значи, подови од масивно дрво, кујни со големина на дневни соби со остров во средина, земјени бои, греди на таванот, гранит во бањата, големи прозорци кои гледаат на прекрасните градини и надворешноста на куќата како од приказна.
Покрај нивното шоу, славната двојка има пет деца, неколку други бизниси како продажба на мебелот што таа го дизајнира, тапети, украсни елементи за куќата, теписи и бои.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …