(ФОТО) Цитатите на Рајан Рејнолдс за татковството ќе ве насмеат и разнежнат

РОДИТЕЛИТЕ на трите ќерки Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли го чуваат својот приватен живот само за себе, но тоа не го спречува славниот актер да „исфрлува“ феноменални шеги на сметка на родителството, ниту пак да споделува некои трогателни изјави со јавноста.

Некои од најдобрите се следните:
„Да се ​​биде татко за мене е најдоброто нешто на светот.Ако не ги сметаме оние две години од животот што ги минав без деца, секако“.
„Среќен сум и воопшто не спијам. Овие денови трепнувањата ми изгледаат како кратки паузи во денот“.
„Порано и кажував на жена ми дека би примил куршум за неа. Но, откако првпат го видов моето дете, тогаш знаев дека во случај на напад, ќе ја користам сопругата како штит за да го одбранам своето дете“.

„Татковството значи одговорност. Не само за моето главно семејство туку и за она тајно семејство во Данска за кое никој не знае“.
„Нема ништо поубаво од тоа да го поминам целото утро гледајќи во очите на мојата мала ќерка и шепотејќи ‘Не можам повеќе да издржам’“.
„Не мора да се подготвувам за ќерка ми да ме врти околу нејзиниот мал прст. Се вртам околу нејзиниот мал прст откако таа дојде на овој свет“.

„Би скокнал во оган за ќерка ми. Во ред, не баш пожар затоа што е опасен. Но во многу влажна просторија. Иако не премногу влажна, поради мојата коса“.
„Не ми е проблем пет пати да се будам среде ноќ и да менувам пелени. Колку и да сум исцрпен, постојано ја имам таа глупава насмевка на лицето“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …