(ФОТО) „ГОЛ ФУСТАН“ предизвика вистинска врева на социјалните мрежи: Некои се воодушевени, други никогаш не би го погледнале!

Необични артикли за облека се дел од светски познатиот бренд Fashion Nova. Љубителите на модата уживаат во секој нов модел, но има и такви на кои не им се допаѓаат овие „необични“ комбинации на облека.
Така беше и со еден фустан, кој беше дизајниран и сошиен така што девојката што го носеше изгледа како полугола. Имено, голем дел од фустанот е изработен од беж материјал, поради што изгледа како да се покриени само интимните делови од телото на девојката.
Она што исто така предизвика лавина од коментари е дека долната облека не може да се носи под фустанот, бидејќи ќе се гледа.
Набргу откако овој модел на фустан беше претставен на страницата на Инстаграм на овој бренд, следеа низа коментари. И додека некои дами возбудено пишуваа дека ова е совршениот фустан за нив и дека мора да го имаат, други сметаат дека е сосема несоодветен за какво било јавно појавување.
Некои жени и го дале името „гол фустан“ затоа што дава илузија дека жената е речиси гола.
Вкусовите се различни, некои сакаат предизвици и се подготвени да го истакнат својот сексапил со носење предизвикувачки модни креации, додека други се чувствуваат поудобно во некои од класичните модели.
Фустанот се продава по многу прифатлива цена, па секоја жена што сака може да има своја копија од овој фустан кој направи вистински хаос на социјалните мрежи.

Погледнете како тоа изгледа:


View this post on Instagram


A post shared by FashionNova.com (@fashionnova)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …