МЗ – Филипче и Пиромански утрово разговарале за состојбата на хоспитализираните пациенти во Пирогов: Сите пациенти се во стабилна состојба

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово разговараше со д-р Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживаеја страотната сообраќајка која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма” на потегот Софија – Благоевград.

Сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка. На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро. Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доктор тврди дека знакот дека имате дијабетес се гледа во очите

Неколку стотици илјади Македонци имаат дијабетес, а најчести симптоми се жед, замор, почести посети на …