Како да се помирите со нив: Бикот не прифаќа компромиси, Скорпиите најмногу се склони кон одмазда…

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Скорпиите се најголемите одмаздници меѓу знаците. Ако веднаш не побарате помирување и прошка, ќе ве стават на „црната листа“. Девиците се луѓе кои многу лесно им простуваат на луѓето и се подготвени да дадат втора шанса.
Во продолжение погледнете со кои хороскопски знаци е тешко да се помирите по расправија.

Елемент на Оган: Овен, Лав, Стрелец
Секогаш треба да бидете внимателни со огнените знаци. Оние кои се во напад на гнев исто така можат да кажат работи што навистина не ги мислат. Имено, најдобро е да не се впуштате во дискусија со нив, туку да се обидете да го решите проблемот на мирен начин.
Родените во знакот Овен се многу темпераментни и имаат краток фитил. Ако веќе дојде до расправија, обидете се да го надминете нивниот гнев што е можно поскоро. Не ги навредувајте, ако ви пружат рака за помирување, прифатете го тоа.
Ниту со Лавовите не треба да влегувате во расправија. На крајот ќе бидете принудени да им го признаете поразот. Лавовите се многу тврдоглави, не се подготвени на компромиси и никогаш нема да признаат дека се виновни.
Помирувањето со Стрелците е изненадувачки едноставно и комуникацијата со нив не е тешка. Само кажете им „извини“.


Елемент на Земјата: Бик, Девица, Јарец
Земјените знаци не сакаат долги кавги, бидејќи се многу исцрпувачки. Ако сакате да склучите мир со знаците на елементот Земја, мора да направите компромиси и да покажете оптимистички став.
Бикот е еден од најодмаздољубивите знаци. Дури и да не ви се одмазди веднаш, сигурно нема да заборави дали сте му направиле нешто лошо. Меѓутоа, доколку сакате да се помирите со него, доволно е да признаете дека сте виновни.
Девиците се луѓе кои лесно им простуваат на луѓето кои ги сакаат. Не им е проблем да дадат втора шанса. Меѓутоа, ако ја повторите истата грешка, немојте да мислите дека повторно ќе ви простат.
Јарецот е знак кој е тежок кога е во прашање прошката, па затоа е подобро да не му замерувате. Лесно ќе ви каже дека ви простил, но длабоко во себе знае дека не сте личност од доверба. Тие се многу внимателни, па ќе ви треба долго време да ја вратите нивната доверба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) ЈА ФОТОГРАФИРАЛЕ ДОДЕКА УМИРА: Трагедијата на девојче (13) од Колумбија го шокираше светот – никој не можеше три дена да ја спаси?

ФРАНЦУСКИОТ фотограф Френк Фурние бил со девојчето до последниот здив и го фотографирал хоророт низ …