Идентификуван е НАЈНОВИОТ СИМПТОМ на корона вирусот! Досега поминал незабележано, но КОВИД УВО е сериозен показател за инфекција: Еве како да го препознаете!

На долгата серија симптоми на корона вирусот се придружи и таканареченото уво ковид. Имено, откако експертите утврдиле дека заразените со овој вирус или оние кои дури и го прележале може да патат од ковид прсти или раце од ковид, се’ повеќе има информации дека пациентите може да имаат и проблеми со увото, пишува „IFL Science“.
Луѓето заразени со вирусот САРС-КоВ-2 пријавиле проблеми со слухот како делумно губење на слухот и тинитус. Забележано е и дека некои од нив имаат потешкотии со рамнотежата, што може да се случи кога нешто не е во ред со ушите.
За да се утврди дали корона вирусот навистина може да влијае на нашиот слух, била спроведена мала студија на 10. пациенти со Ковид кои пријавиле проблеми со увото. Истражувањето е објавено во научното списание „Communications Medicine“, а добило обем затоа што е работено и на глувци, се со цел да се види ефектот на вирусот врз увото и ушниот канал.


Резултатот покажал дека нашето ткиво на увото е дом на ACE2 рецептори кои веќе се препознаени како влезна точка за патогенот SARS-CoV-2. Тие исто така доаѓаат во комплет со ензимите TMPRSS2 и FURIN, кофактори потребни за успешно влегување на вирусот. Во нашите уши има и таканаречени Шванови клетки, уште еден фактор што го „сака“ САРС-КоВ-2 и сето тоа заедно претставува голем ризик за развојот на Ковид-19.
„Покажавме дека клетките на внатрешното уво кај луѓето, но исто така и кај глувците, имаат молекуларна машинерија што му овозможува на вирусот да влезе. Понатаму покажавме дека таа инфекција на внатрешното уво може да биде основа за проблеми со слухот и рамнотежата кај пациентите кои се позитивни на ковид“, велат авторите на студијата.
Студијата испитувала само 10. пациенти, што не е доволно луѓе за да се генерализира, но во оваа група симптомите на „ковид уво“ кај сите учесници биле слични и вклучувале губење на слухот од интензивно до умерено, вртоглавица и тинитус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …