Зошто ДРЖЕЊЕТО НА РАСТЕНИЈА во затворен простор е добро за здравјето? Внимателно изберете ги за спалната соба!

Ако размислувате да додадете растенија во просторот во кој живеете, ова би било одлична одлука. Растенијата имаат бројни здравствени придобивки, а за некои не сме ни размислувале.
Промената на ентериерот со внесување растенија може позитивно да влијае на општото здравје и среќа. Неверојатно е колку позитивни ефекти може да има еден ваков едноставен чекор.

Растенијата и здравјето
Растенијата можат да го намалат стресот
Американското здружение за срце наведува дека секојдневниот стрес и траума може да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Намалувањето на нивото на стрес на тој начин може да ви помогне да избегнете здравствени компликации.
– Очигледно е дека има терапевтски ефекти од грижата за растенијата, а се покажа дека градинарството го намалува крвниот притисок и го намалува стресот – вели хортикултуристот Марк Хачадуријан.


Растенијата во затворен простор го чистат воздухот во вашиот дом
Растенијата можат да филтрираат многу видови на загадувачи на воздухот во домот, вклучувајќи хемикалии и чад. Овој природен процес на филтрирање може да има позитивни несакани ефекти врз нашето здравје, како што е намалување на зачестеноста на главоболките поради лошиот квалитет на воздухот. Ќе помогне и во ублажување на алергиите со тоа што ќе го одржувате воздухот почист, пишува The List.


Растенијата можат да ве опкружат со позитивна енергија
Останувањето блиску до растенијата помага да се зајакне чувството на оптимизам, па на денот можете да му пристапите многу попозитивно. Универзитетот во Тексас A&M забележал дека позитивната енергија доаѓа од средина која вклучува присуство на цвеќиња и дека прави да се чувствувате порелаксирано, побезбедно и посреќно. Нема да не чини многу да го направите ова.

Растенија и спиење
Кога избирате растенија за вашата спална соба, важно е да ги изберете оние кои можат да ви помогнат да спиете подобро. Се препорачуваат ароматични растенија – лаванда и гарденија, од кои секое испушта мирис кој придонесува за квалитетен сон. Треба да размислите и за орхидеи, кои се одличен кандидат за внатрешен простор.

Важно е да се знае дека не сите растенија ослободуваат кислород во текот на денот и наместо тоа, обично ослободуваат јаглерод диоксид ноќе преку процесот на дишење. Значи, треба да бидете сигурни дека растенијата што ќе ги изберете за вашата спална соба се оние кои ослободуваат кислород во текот на ноќта.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …