ЗАЕДНИЧКИОТ ЖИВОТ може да биде чекор до БРАК или до УНИШТУВАЊЕ: Кога е ВИСТИНСКОТО време да го направите тоа?

Економски фактор
Кога станува збор за планирање на заедничкиот живот, не треба да се исклучи многу важен економски фактор. Секако поисплатливо е да се плати една кирија или само една комунална услуга.

„Иако воопшто не е романтично, заедничкото живеење бара секојдневно да се занимавате со вакви прашања“


Токму поради овој економски сегмент многумина се одлучуваат да влезат во заеднички живот, особено ако живеат далеку еден од друг.

Дали ќе го сочувате социјалниот живот?
Честопати сакаме да поминуваме што е можно повеќе време со личноста за која се грижиме. Кога живееме со некого, лесно сме понесени од чувството дека секој момент од слободното време треба да го поминеме заедно.
Погрижете се да имате барем неколку часа за себе во текот на денот, дури и ако седите и уживате во филм или книга во тоа време. На тој начин ќе имате повеќе за разговор кога повторно ќе се видите, нема да западнете во рутината што може да ја донесат врските кога партнерите се премногу фокусирани еден на друг.
Нема потреба да се претерува во ништо. Многу е важно, колку и да сте ентузијасти за партнерот, да не ги занемарувате пријателите кои биле со вас, во добро или во лошо, дури и кога вашиот сакан не бил ни на вашата љубовна карта.


Возбудени сте поради таа идеја
Дури и ако сте малку нервозни, експертите веруваат дека вие и вашиот партнер треба да бидете ентузијасти за заедничкиот живот. Одличен знак е ако се чувствувате среќни за се што ви носи иднината.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Кучето прво ги почувствувало ударите на бебето во стомакот, неговата реакција е сè

Кучето Гус било спасено откако било пронајден врзан за столб и е многу благодарен на …