ЗАЕДНИЧКИОТ ЖИВОТ може да биде чекор до БРАК или до УНИШТУВАЊЕ: Кога е ВИСТИНСКОТО време да го направите тоа?

Ја почитувате желбата за слободен простор
Само затоа што живеете заедно не значи дека треба да го поминувате секој момент заедно. Секако дека уживате меѓусебно, но треба да ги препознаете сопствените потреби и да одвоите малку време и простор за себе. Партнерот ќе го почитува тоа, а кога ќе му треба и вие ќе ја почитувате неговата одлука.

Можност подобро да го запознаете партнерот
Љубовните терапевти препорачуваат да поминете малку повеќе време заедно пред да се преселите за прецизно да ја процените доследноста на однесувањето на вашиот партнер.


„Затоа е препорачливо да се влезе во заеднички живот во рана фаза од врската, бидејќи и ова е голем тест за партнерите“

Тогаш ќе видите дали ви пречат некои негови навики, како оставање работи насекаде во домот, утринската рутина која е спротивна од вашата, како и други работи од неговото или вашето секојдневие со кои не сте се соочиле во текот на периодот од животот кога секој останува во својот животен простор.


Заедничкоте патувања се одличен тест
Пред да започнете да живеете заедно, веројатно сте биле на заеднички одмор. Без разлика за какво патување станува збор, тогаш сигурно сте научиле многу еден за друг.
Доколку успешно сте ги поминале тие денови, големи се шансите да сте подготвени за заеднички живот, но имајте на ум дека летниот одмор и заедничкиот живот не се идентични.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Како стјуардеса од Југославија преживеала пад од 10.000 метри

На 26. јануари 1972. година, Весна Вуловиќ работела како стјуардеса во авионот „Даглас ДЦ-9“ на …