ЗАЕДНИЧКИОТ ЖИВОТ може да биде чекор до БРАК или до УНИШТУВАЊЕ: Кога е ВИСТИНСКОТО време да го направите тоа?

Пред да се одлучите за некој голем чекор како што е заедничкиот живот, постојат прашања и дилеми кои треба да ги решите, за да не се одрази на вашиот однос со партнерот.
Познато е дека врската на секој пар минува низ неколку фази, а како најсериозна се смета одлуката за заеднички живот. Иако можеби изгледа лесно да се одлучите за ваков потег, не е пријатно или лесно за некој да излезе од својата комфорна зона која ја имал дотогаш.
Многумина мислат дека партнерот всушност го запознавате дури кога ќе започнете да живеете со него, поради што голем број на експерти сметаат дека овој чекор треба да се направи што е можно поскоро, за да знаете дали вашата врска има иднина.

„Постојат многу практични знаци кои ќе ви помогнат кога треба да одлучите да живеете заедно со партнерот“


Ги имате истите желби и планови
Пред да се преселите во заеднички дом, вие и вашиот партнер треба да разговарате за целите и иднината што ја гледате сами. Многу е важно вашите мисли да се совпаѓаат. Доколку откриете дека не ги делите истите причини и размислувања, можеби е подобро да ја преиспитате таа одлука.


Се чувствувате удобно дури и кога има проблеми
Експертите за семејни односи посочуваат дека меѓу партнерите треба да има некаква удобност, дури и кога ќе дојде до недоразбирање или проблем кој прераснува во расправија. Ако живеете со партнерот, ќе мора да делите простор дури и кога сте вознемирени, изнервирани или не се согласувате
Секако, секогаш постои опција кога сте нерасположени или лути, да излезете на прошетка или само да поминете некое време одвоено од партнерот. Прашањето што треба да си го поставите е – дали сте подготвени да споделите простор со него дури и во оваа минус фаза?

Знаете како да се справите со кавгите
Кавгите се составен дел од секоја врска. По некое време, вие и вашиот партнер најдовте добар начин да ги решите проблемите што се појавуваат.

„Паровите кои се подготвени да се вселат заедно се доволно зрели за да знаат дека секоја кавга не мора да биде катастрофална“

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …