(ВИДЕО) Сите се воодушевени од новиот трик за слабеење, експертите велат дека би можел да функционира

ТИКТОК е преплавен со трикови за слабеење, но еден од последните би можел навистина да функционира, велат експертите.
Луѓето почнаа да подготвуваат пијалок од чиа семе како лесен начин за потиснување на апетитот. Виралните видеа велат дека пијалок од две лажици чиа семе измешани во шолја вода создава чувство на ситост, а со тоа и го намалува гладот.
Имено, чиа семките набабруваат во вода и стануваат меки. Во стомакот, луѓето кои го пијат пијалокот тврдат, тие се шират и формираат гел. Го пијат 30. минути пред оброците и на тој начин го спречуваат прејадувањето.

@tonyyounmdChia Seed Water: Can it Help with Weight Loss? #chiaseedwater #chiaseeds #chia #tiktokpartner #learnontiktok


♬ TIDE TO YOUR SOUL – C. Paul Chantrill


Чиа семките се полни со витамини, но исто така се богати со масти и протеини, хранливи материи кои помагаат да се чувствувате сити. Имаат висока содржина на влакна, околу 10 грама во две супени лажици.
„Со избирање на храна богата со влакна, се чувствуваме сити, промовираме здраво варење и спречуваме запек“, велат од Британската национална здравствена служба (NHS).
„Бидејќи чиа семето содржи протеини и здрави масти, тие можат да придонесат за ситост наместо да предизвикаат скок на шеќерот во крвта“, тврди диететичарот Бони То-Дикс.
Постојат многу докази кои потврдуваат дека својствата на чиа семето се корисни за целокупното здравје. Но, нема студии за да докажат дека самите семиња ќе доведат до губење на тежината.


Едно истражување спроведено на 90. луѓе со прекумерна тежина не покажало никаков ефект откако земале 50. грама чиа семе дневно во текот на 12. недели, објави Healthline.
Значи, веројатно е дека само чиа семето нема да предизвика губење на тежината, ако тоа е единственото нешто што планирате да го направите за да изгубите тежина. Наместо тоа, помислете на тоа како едно парче од сложувалката што може да помогне да се постигнат цели како што се внесот на протеини и влакна.

12 едноставни правила за слабеење се:
Не го прескокнувајте појадокот
Јадете редовно
Јадете многу овошје и зеленчук
Бидете поактивни
Пијте многу вода
Јадете храна богата со растителни влакна
Читајте ги етикетите на продуктите
Користете помала чинија
Не си ја ускратувајте храната
Не складирајте нездрава храна
Намалете го внесот на алкохол
Планирајте ги оброците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …