(ВИДЕО) Мариета Николаева, новинарка на БТВ вели: „Возачот загинал прв, затоа вратите не се отвориле – па луѓето останале затворени“

Репортерката на БТВ Новините, Мариета Николаева, ја следела реакцијата на институциите во првите часови по тешката несреќа со автобус на автопатот Струма, пренесуваат утрово бтв новините.
„Првичните информации што ги добивме 20. минути по инцидентот беа околу 46. мртви. Не верував, ми изгледаше апсурдно и побарав да ми се повторува неколку пати. Ова беше првата информација, се знаеше дека автобусот изгорел. Отидовме таму и ги разјаснивме деталите“, изјави новинарката за „Ова утро“.
„Се приближивме до местото, собрав информации што се случило. Секако, зачувавме дел од деталите за гледачите, бидејќи хоророт е голем“, додала таа.
Колку што таа самата разбрала, надлежните многу брзо реагирале. Шефот на противпожарната служба бил на терен за десет минути. Ова го потврдуваат и самите македонски власти, кои подоцна им се заблагодарија на нивните бугарски колеги за брзата реакција.
„Во овој случај луѓето беа заробени, знаеле што следува. Пожарот избил и сѐ се случило за неколку минути. Тие сфатија дека се заробени, вратите беа затворени. Според моите информации, двајцата возачи загинале. Возачот зад воланот еден од првите загинал и затоа вратите останале затворени“, изјавила Мариета Николаева.


Само седум луѓе имале вистинска среќа и со средствата при рака успеале да скршат еден прозор и избегале, додала таа.
„Според информациите од мои извори, во автобусот всушност биле пронајдени канистери. Што имало во нив и дали придонеле или биле причина за овој пожар останува да видиме. Сè уште претстојат многу тешки прегледи, кои одземаат многу време“, објаснила новинарката.
„Според пожарникарите, всушност, со овој силен удар и со овој допир со заштитната ограда, можно е да дојде до искра и да избие пожар. Но, овде имаме интензивно горење, овој пожар избувнал наеднаш. Многу е важно да се открие што го предизвикало ова интензивно горење“, изјавила Мариета Николаева.
Според неа, експертите се многу внимателни во однос на информациите и се сомневаат дека вештачењето ќе биде брзо направено. Само автотехничкото вештачење може да трае три месеци, прецизирала таа.
Новинарката не ја исклучила можноста дека причина за тешката несреќа е човечка грешка.
„Во повеќето случаи возачите се всушност виновни за овие несреќи. Сепак, законски не е дозволено двете земји да учествуваат во истрагата. Во овој случај, истрагата целосно ја презема Националната истражна служба. Македонските власти ќе учествуваат до тој степен што ќе бараат документи од бугарска страна“, објаснила Мариета Николаева.

Фото: Принтскрин/YouTube/BTV


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …