Црвениот крст на РС Македонија со апел за настраданите од сообраќајната несреќа во Бугарија

Од името на Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш сакаме да изразиме длабоко сочувство и солидарност со семејствата на настраданите граѓани во стравичната автобуска несреќа која се случи во Република Бугарија на 23.11.2021 година. 

Ја споделуваме тагата со семејствата на трагично загинатите, иако сме свесни дека во моментов, нема зборови што може да ја утешат нивната болка и загуба. На повредените им посакуваме брзо опоравување. Во овие тешки моменти кога се изгубени толку многу млади животи сакаме да истакнеме дека Црвениот крст на Република Северна Македонија со сите свои расположливи капацитети, во соработка со државните институции ќе даде придонес во обезбедување на потребната поддршка за семејствата на настраданите. 


Во едно изразуваме благодарност до Црвен крст на Бугарија кој уште во раните утринските часови ја понуди својата поддршка и заедничка работа во правец на намалување на болката и тагата на повредените и семејствата на настраданите. 

Нашата Организација ги става во функција сите механизми за хуманитарна помош за повредените и семејствата на настраданите со нудење на прва психолошка поддршка, материјална и финансиска поддршка.


 Во оваа смисла Ве повикуваме сите заедно да ја покажеме нашата хуманост и солидарност

за обезбедување финансиска помош за настраданите семејства како последица од настасаната катастрофа. 

Ве повикуваме да делуваме заедно преку : 

–       Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во сообраќајната несреќа во Република Бугарија.

–       Донации со повик на телефонските броеви  070 / 075 / 077 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).

–       За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – Починати се 17. лица: Денес се регистрирани 463. нови лабораториски позитивни случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 …