(ФОТО) Погребана легендарната Мерима Његомир: Пејачката испратена во вечното почивалиште со песната „Што е убаво кога некој се љуби“ 

Пејачката Мерима Његомир почина на 69-годишна возраст по борба со свирепа болест.
Таа беше погребана денеска на Новите гробишта во Алејата на заслужните граѓани.
Со „Што е убаво кога некој се љуби“ е испратена во вечно почивалиште.


Многу пријатели и роднини, но и почитувачи на нејзиниот лик и дело, и упатиле последен поздрав и ја испратиле во нејзиниот вечен дом.
Љубица, Милица, Јелена и Марко, децата на Мерима Његомир, добивале сочувство пред црквата Свети Никола на гробиштата.


Иако на почетокот се труделе да останат силни, сепак не можеле а да не покажат колку им е тешко да се простат од својата мајка, која им беше се на светот.
Кога во еден момент една жена дошла да изрази сочувство, Јелена целосно се скршила и и’ паднала во прегратка, што ги потресло сите присутни.



За тоа време нејзиниот брат Марко се трудел да остане силен и да им пружи утеха и поддршка на своите сестри.

Да потсетиме, интерпретаторката на народна музика Мерима Његомир почина пред три дена, на 20. ноември, на 69-годишна возраст од рак на панкреасот.


Меѓу присутните биле Ивица Дачиќ, Срѓан Ѓоковиќ, Ана Бекута, Весна Змијанац, Дара Чалениќ и бројни пријатели и почитувачи на нејзиното дело… И со венец цвеќе, претседателот на Србија Александар Вучиќ се прости од познатата пејачка.

Извор: www.novosti.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Трагедија на скијање: Починал најпознатиот француски актер

Францускиот актер Гаспар Улиел, кој глуми во претстојната серија на Марвел „Moon Knight“, загинал во …