(ФОТО) НЕПРЕПОЗНАТЛИВА! Холивудската миленичка, Џина Дејвис (65) НЕ ЛИЧЕ НА СЕБЕ на новите фотографии и сите се прашуваат што и се случило

Ѕвездата од „Телма и Луиз“ Џина Дејвис изгледала непрепознатливо за време на ретко јавно излегување.
65-годишната, е најпозната по значајните улоги во неколку култни филмови, меѓу кои и „Beetlejuice“ и „A League of their Own“.

Таа ретко излегува во јавност
Џина била видена како шета надвор во Лос Анџелес боса, во бел џемпер со мачка на него и фармерки ѕвонарки, со пијалок во раката.


Оскаровката е видена и како носи шамија додека завршувала работи. Излегувањето во јавност е реткост за ѕвездата деновиве, бидејќи последен пат беше видена во јуни на прославата на 30-годишнината од класикот „Телма и Луиз“ од 1991. година со Сузан Сарандон (75).
Двете ѕвезди дури и ја реконструирале својата позната сцена на специјална хуманитарна проекција на филмот.

Џина ја имала ќерката Елиза Кешвар, која ја добила кога имала 46. години, а синовите близнаци Каис Стивен и Кијан Вилијам се родиле кога ѕвездата имала 48. години.
Таа еднаш за „Гардијан“ рекла: „Отсекогаш сум се чувствувала среќна што доцна имам деца, затоа што се чувствувам како да сум толку многу променета. Отсекогаш знаев дека сакам деца, но не знам што правев чекајќи толку долго. Никогаш порано не сум се обидувала, со други зборови. Но, тоа беше одлично. А близнаците се забавни“!

Извор: novosti.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Блаж Маротов со „Нека се вратат златните времиња“ не потсетува на некои други оптимиситчки периоди и места

Блаж Маротов има нова песна… малку поразлична од неговиот претходен опус…со наслов „Да ги вратиме …