Спејси мора да плати 31 милион долари компензација на продуцентите на „Куќа од карти“

Познатиот американски актер Кевин Спејси ќе треба да плати 31. милион долари обештетување на компанијата која беше продуцент на серијата „House of Cards“ во која тој ја толкуваше главната улога, бидејќи доби отказ поради тужба за сексуално вознемирување.
Продуцентската куќа MRC, која стои зад хит серијата за политички интриги во Вашингтон, побарала отштета за загубената заработка, што се припишува на заминувањето на актерот од серијата по обвинението против него за сексуално вознемирување и злоупотреба.
MRC изјавиле дека по обвинението го суспендирала Спејси од серијата и покренала внатрешна истрага според која актерот е одговорен за припишаното дело.
Заминувањето на актерот ја принуди продуцентската куќа да ја реорганизира серијата, што резултирало со „значителни загуби“, додаваат од MRC.


Сценариото морало да се ревидира за да се исклучи ликот кој го игра Спејси и да се реорганизира целата шеста сезона, намалена од 13. на осум епизоди.
MRC покрена судска постапка во 2019 година. Истата година, судот ја отфрли тужбата против американскиот актер за непристојно однесување и сексуална злоупотреба во американската држава Масачусетс.
Актерот освои два Оскари, за најдобар актер во филмот „Американска убавица“ во 1999. година и за најдобра споредна машка улога во филмот „Дежурни виновници“ од 1995 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОЧИНАЛ ПОЗНАТИОТ КОМПОЗИТОРОТ СТИВЕН СОНДХАЈМ: Неговата музика ја знаете од овој култен филм!

Легендата на Бродвеј, Стивен Сондхајм, починал во петокот во својот дом во Роксбери, Конектикат. Имал …