„НЕМА ЗБОРОВИ ДА СЕ ОПИШИ БОЛКАТА“: Вучиќ испратил телеграма со сочувство за тешката несреќа во Бугарија

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ денеска упатил телеграма со сочувство до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и до премиерот Зоран Заев, по повод тешката сообраќајна несреќа во која 46. луѓе ги загубија животите.
Во телеграмата со сочувство се вели:
– Со неверување и тага ја примив страшната вест за трагичната смрт на патници во автобус во Бугарија. Нема зборови со кои може да се опише болката што ја споделуваме со граѓаните на вашата земја. Молчејќи пред оваа трагедија, упатуваме молитви за утеха до семејствата на жртвите и до целиот ваш братски народ.


Србија и сега е со вас, подготвена да ја пружи сета потребна помош и поддршка, бидејќи не сте сами во оваа трагедија
Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите и народот на Северна Македонија, а на повредените им посакувам брзо и успешно закрепнување – се наведува во телеграмата со сочувство од претседателот Вучиќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Кучето прво ги почувствувало ударите на бебето во стомакот, неговата реакција е сè

Кучето Гус било спасено откако било пронајден врзан за столб и е многу благодарен на …