На 28-годишна возраст ненадејно починал актерот Џои Морган

На 28-годишна возраст ненадејно починал актерот Џои Морган, најпозна по комедиите „Scouts Guide to the Zombie Apocalypse“, „Flower“ и „Compadres“.
„Џои Морган почина рано наутро во неделата. Тоа беше шок кој не уништи сите нас кои го сакавме. Многу ќе ни недостига. Се надеваме дека сите разбираат колку е болно за неговите најблиски и дека ќе ги почитува границите и ќе им дозволи да тагуваат приватно“, изјавил менаџерот на актерот во изјава за The Hollywood Reporter.
Причината за смртта не била прецизирана.

Режисерот на „Scouts Guide to the Zombie Apocalypse Christopher“ Лендон му оддал почит на актерот на својот Твитер профил.
„Џои Морган влезе во мојот живот пред речиси девет години кога го правев Scouts Guide to the Zombie Apocalypse. Беше тивок, забавен, интелигентен и внимателен. А кога се исклучија камерите, беше магнично. Тој почина денеска и веста е потресна. Чест ми е што го познавам“, напиша Лендон.


Последната голема филмска улога ја имаше во 2020. година во научно-фантастичната комедија „Max Reload and the Nether Blasters“, а се појави и во серијата „Chicago Med and Critters: A New Binge“.
Актерката Зои Дојч, која глумеше со Морган во филмот Flowers, се прости од него на Инстаграм.
„Почивај во мир Џои. Беше многу љубезен, талентиран, посебна личност. Те сакаме”, напишала таа.


Морган е роден во Чикаго и своето актерско деби го имал во 2015 година во филмот Scouts Guide to the Zombie Apocalypse. Последователно глумеше во комедиите Compadres и Flower, а за неговата улога во вториот доби бројни пофалби по премиерата на Филмскиот фестивал во Трибека. Тој ја имаше својата последна голема филмска улога во 2020 година во научно-фантастичната комедија Max Reload and the Nether Blasters, а се појави и во сериите Chicago Med и Critters: A New Binge.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познатиот композитор е целосно уништен: „Скршен сум, не напушти пред неколку часа“

Еден од најпознатите британски композитори, Ендрју Лојд Вебер, објави дека неговиот најстар син Николас починал …