Македонски народен театар: Денови на жалост

Поради тешката сообраќајна несреќа која се случи на ден 23 ноември 2021 г. 23, 24 и 25 ноември се прогласени за денови на жалост.
Премиерата и репризните изведби на претставата „Нема да биде крај на светот” во режија на Нина Николиќ, кои беа закажани на 24, 25 и 26 ноември 2021 г. се откажуваат.
Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота на 27 ноември со почеток во 20 часот, а репризните изведби кои беа закажани за 25 и 26 ноември се откажуваат – средствата од билетите за овие изведби на публиката ќе и бидат рефундирани.
РСМ НУ Македонски народен театар изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …