Концертна серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“ и циклус предавања „Научни среди“

Концертната серија „Musica Viva во чест на 55 години ФМУ“ како дел од одбележувањето на 55 години од основањето на ФМУ – Скопје ќе се реализира на 27, 28 и 29 ноември. На програмата се дела од светската музичка литература во изведба на студентите од класите на проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. м-р Живко Фирфов, проф. м-р Фросина Балова, проф. м-р Стојан Димов, проф. м-р Васо Ристов, проф. м-р Нинослав Димов, проф. м-р Александар Гошев, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. м-р Катерина Костадиновска Гелебешева, проф. д-р Ана Гацева, проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, вонр. проф. м-р Дарко Багески, вонр. проф. д-р Елена Атанасовска Ивановска, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Дино Имери, м-р Александар Поп Христов.


Концертите ќе се одржат во Музејот на македонската борба во следниве термини:

-27 ноември: студентите од класите по гудачки интрументи, гитара, дувачки инструменти и камерна музика;


-28 ноември: студентите од класите по соло пеење и корепетиција;

-29 ноември: студентите од класите по пијано.

Почетокот на сите концерти е во 20 часот.

Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на fmu@fmu.ukim.edu.mk

Настаните се одржуваат според протоколите за одржување настани одобрени од Комисијата за заразни болести и зависат од моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Во рамките на одбележувањето на 55 години од своето основање Факултетот за музичка уметност започнува и со циклус предавања „Научни среди“. Ќе го отвори проф. д-р Снежана Филиповска со тема „Балетската уметност како составен дел од културните збиднувања во Македонија“ на 24 ноември на платформата zoom со почеток во 19 часот. За повеќе информации упатуваме на сајтот http://www.fmu.ukim.edu.mk/.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …