(ВИДЕО+ФОТО) ПРВИ ФОТОГРАФИИ И СНИМКИ ОД МЕСТОТО НА НЕСРЕЌАТА: Автобус од Македонија потполно изгорел заедно со патниците!

Автобус од Македонија изгоре рано утринава во Бугарија. Загинаа 46 лица, меѓу кои 12 деца
Несреќата се случила на 31-от километар од автопатот Струма, недалеку од селото Бошнек. Според првите податоци, во автобусот имало 53. лица, сите биле државјани на Северна Македонија кои патувале од Турција.

На местото на несреќата пристигнал премиерот Зоран Заев, како и министрите на МНР и за здравство Бујар Османи и Венко Филипче.


Според првите податоци, од автобусот скокнале седум лица. Сите преживеани се префрлени во болница, нивната состојба е стабилна.


Бугарските власти разгледуваат три можни причини за трагедијата – возач кој заспал, влажен коловоз или техничка неисправност. Според една од верзиите, пожарот можел да избие и пред несреќата, пишува РИА Новости.

Извор и фото: novosti.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Доктор тврди дека знакот дека имате дијабетес се гледа во очите

Неколку стотици илјади Македонци имаат дијабетес, а најчести симптоми се жед, замор, почести посети на …