(ФОТО) ГОЛЕМИНА – РИВАЛИ НА ТЕРЕНОТ, ПРИЈАТЕЛИ ВОН НЕГО! Ѓоковиќ му честитал на Зверев, цел свет зборува за неговиот гест!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа својата големина.
Германскиот тенисер Александар Зверев го освои завршниот Мастерс во Торино победувајќи го Данил Медведев во финалето и со тоа во голем стил ја заврши сезоната.
Ден претходно во полуфиналето по голема борба го совлада Новак Ѓоковиќ.
Новак и Саша се во одлични односи, а тоа го потврдува и честитката на Ѓоковиќ до Германецот по освојувањето на титулата.
– Зверев имаше тешка година на теренот и надвор од него. Знам колку тенисот ми помага да растам и среќен сум што ова беше победничкиот терен на Саша. Тој е одлично момче. Имам само пофални зборови за него и неговиот тим. Секоја чест за големото финале и големиот трофеј, Саша – напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

За Зверев сезоната е завршена, додека Новак го чекаат обврски во Дејвис купот.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …