ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ „ФРЕД” И КОНЦЕРТ НА ПЕСНИТЕ НА ФРЕД БУСКАЉОНЕ ВО ВТОРНИК ВО 20.00 ЧАСОТ

Амбасадата на Италија, во соработка со Кинотеката на Република Северна Македонија ќе им овозможат на љубителите на кинематографијата да го проследат филмот „Фред”, посветен на Фред Бускаљоне (1921-1960) по повод стогодишнината од неговото раѓање, по што ќе следи концерт на македонската група „NYX„ која ќе ги изведува неговите песни во живо.


Италијанскиот музичар, пејач и мулти инструменталист Фред Бускаљоне беше популарен во 50-тите години. Неговиот прв сингл во 1955 година е продаден во милион изданија. Ликот што е интерпретиран во неговите песни и филмови секогаш претставувал забавен човек од подземјето со склоност кон виски и жени, инспириран од филмовите во кои главните улоги ги толкуваат Кларк Гејбл и Мики Спилејн. На многумина животот им дава слава, но на многу малку од нив со нивната смрт се содава мит. Тоа му се случи на Фред Бускаљоне, кој со својата смртт на само триесет и девет години создаде легенда која беше предодредена да трае.


Филмот го раскажува ѕвездениот успон и пад на Фред Бускаљоне: тешките времиња на почетокот, незадржливиот подем и ненадејното исчезнување од сцената. Филмот, за прв пат, е еден вид емотивен и потресен портрет на еден од камен-темелниците на италијанската поп музика, преку сведоштвата на неговиот текстописец Лео Киосо, неговата сопруга Фатима Робинс, неговите музичари „Астернови”, пропратено со архивски слики.

Проекцијата и концертот ќе се одржат утре, со почеток од 20 часот, во холот на Кинотеката на Република Северна Македонија, согласно владините протоколи и препораки за превенција од Ковид 19.

Фото: Википедија

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …