МАКЕДОНИЈА СВЕТСКИ ПРВАК ВО ЕСПОРТ СО ПОДДРШКА ОД КОМПАНИЈАТА MOZZART

Нашата репрезентација со неверојатна игра го освои првото место на 13-тото Светско првенство во Израел. Поддршка за феноменалниот тим од самиот старт беше компанијата Mozzart.Во финалето воCounter Strike, победа над Романците извојува нашата телентираната екипа која ја сочинуваат:Павле Стојановски „stYleEeZ“, Кристијан Поповски „FODOR“,Дамјан Стоилковски „Kyxsan“, Александар Ќулукоски „CacaNito“, и капитенот на репрезентацијата Јане Апостолоски“aidKiT”.


“Чувството да се биде светски шампион е неописливо, самата помисла дека имавме толку многу поддржувачи и поддршка од цела Македонија претставува мелем за душа. Поддршката од Mozzartза нас како репрезентација значи премногу и дополнително придонесе за освојување на овој турнир. Еуфоријата полека се смирува, но дефинитивно не застануваме тука и одиме на победа на секој нареден турнир.” – истакнакапитенот на македонската еспорт репрезентацијата Јане Апостолоски“aidKiT”.


“Дефинитивно е неверојатночувството да се учествува на ваков интернационален настан каде што ја претставуваме нашата репрезентација! Дополнително неможе да се опише крајниот резултат, освојувањето на прво место и златен медал. Горд сум на целиот тим и можам да кажам дека сите сме сеуште под импресии. За се ова да изгледа уште поубаво и да ја претставуваме нашата репрезентација се погрижи Mozzart.” – истакна играчот на македонската еспорт репрезентацијата Александар Ќулукоски „CacaNito“.

Компанијата Mozzart секогаш е со шампионите и со задоволство се одзива на повиците за соработка и спонзорство.

“Сите честитки за овој сјаен тим, наше големо задоволство е што ги поддржавме на ова светско првенство. Ова е огромен успех за сите! Mozzartќе продолжи да поддржува вакви прекрасни спортски приказни и да биде најголем навивач за домашниот спорт.” – изјавиМики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Златан Ибрахимовиќ си ја отворил душата: „Брат ми почина пред мене“, „Јас сум Швеѓанец но и од мешан брак“

Многумина му се восхитуваат на Златан Ибрахимовиќ поради сето она што го постигна, како и …