„Лајка“ со итен апел за вдомување на Брус

„Лајка“ ги повикува сите љубители на домашни миленичиња за вдомување на Брус:
🚨Пријавен за каснување
🚨Два пати ставен под надзор оваа година
🚨Согласно закон, ако не се вдоми, не смее да се врати на локација и следува еутаназија.

Согласно нашите проценки Брус е мирно и питомо куче. Има околу 7 години и е толерантен кон други кучиња.
📢ПОЛОЖЕН ТЕСТ ЗА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА од овластено лице од Агенцијата за храна и ветерина, со што е подобен за вдомување✅



ℹИма уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода.
Го добивате со пасош, кастриран, прочистен од внатрешни и надворешни паразити, чипиран, вакциниран против беснило и заразни болести, избањат и со стекнати хигиенски навики.
Вдомувањето е бесплатно.
Вдоми куче, вдоми љубов! 💟


За подетални информации и прашалник за вдомување можете да ни пишете на
📩vdomi@lajka.com.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НАЈУРНЕБЕСНИ тепачки што ја одбележаа светската хистерија на ЦРН ПЕТОК!

Последниот петок во ноември традиционално се одбележува како празник на шопингот во Америка, но и …