Љубомората е сложено чувство. Тоа може да се изрази преку гнев, омраза, страдање, вознемиреност и очај. Меѓутоа, дали чувството на љубомора секогаш мора да биде деструктивно?
Обично тоа е резултат на негативни мисли и чувства на несигурност кои се појавуваат затоа што се плашиме дека би можеле да останеме без саканата личност. Тоа е мешавина од гнев, страв, гадење.
Ако партнерот постојано ве притиска, ви го проверува телефонот и личните работи и ве прекорува за многу работи, дури и да не сте му дале причина, тоа не е во ред! Ова во никој случај не е здрава љубомора.
Проблемот со љубомората се среќава во сите групи и заедници токму поради постојаната потреба да се стекне внимание и поддршка од авторитетот, таа е дел од егзистенцијалните потреби на човекот и опстанокот.
Кога има несигурност во врската, прагот на љубомора е многу спуштен, но и обратно, кога ќе има хармонија тогаш нема да има простор за љубомора.
Љубомората е една од главните теми на песните, приказните, филмовите и другите уметнички форми низ историјата на човештвото. Сепак, тоа може да има и негативни последици.
Затоа внимавајте кога станува збор за љубомора, тенка е границата помеѓу здравата и патолошката љубомора.
Науката вели дека контролираната љубомора е здрава. Ако вашиот партнер е пожелен, тоа може да создаде чувство на гордост кај вас што вие сте тој до него/неа, но често таа гордост може да ја придружува чувството на љубомора од страв дека ќе се појави некој поубав и интересен од вас.
Нашите вродени чувства на страв, болка, среќа, неизвесност се нормални сè додека не преминат во параноја, сè додека можеме да ги препознаеме и контролираме.