(ВИДЕО+ФОТО) ДОДЕКА НЕЈЗИНИОТ СОПРУГ ТВРДИ ДЕКА ПРИНЦЕЗАТА ИМА МЕНТАЛНИ ПРОБЛЕМИ И СЕ ЛЕКУВА: Шарлин побегнала со милијардер!

За време на лекувањето, принцезата Шарлин се зближила поранешниот вереник на Наоми Кембел, рускиот милијардер Владимир Доронин, кој наводно и помогнал да ја надмине брачната криза.
Принцезата Шарлин моментално се лекува во институција надвор од Монако, што го откри нејзиниот сопруг принцот Алберт откако повторно ја загрижи јавноста со нејзиното исчезнување.
Само неколку дена по враќањето од Јужна Африка, каде поминала 10. месеци, таа повторно морала да се раздели од сопругот и нивните шестгодишни близнаци Габриела и Жак, бидејќи била физички и психички исцрпена и сфатила дека и треба помош.
Сега е откриено кој ја поддржувал за време на лекувањето, а тоа од рускиот милијардер Владимир Доронин, кој е познат и како поранешен свршеник на супермоделот Наоми Кембел.


„Шарлин и Владимир се во контакт и поминуваат многу време заедно“, изјавил извор за The Sun.
„Изгледа дека нашла поддршка во него за време на нејзините брачни проблеми“, додал изворот.
За проблемите во бракот со принцот Алберт постојано се шпекулираше за време на нејзиниот престој во Јужна Африка, а многумина се сомневаа дека таа ќе му се врати, но тој упорно и остро ги демантираше тие гласини.
„Веројатно ќе го кажам ова уште неколку пати, но се е во ред со нашиот брак. Сакам да го појаснам тоа”, изјави Алберт за People минатата недела, додавајќи дека нејзината моментална состојба е резултат на неколку фактори, кои се приватни.
„Не беше подготвена да се носи со сите обврски и беше видно исцрпена“, потенцирал принцот Алберт тогаш.



Имено, Шарлин на почетокот на септември итно била примена во јужноафриканската болница откако се онесвестила поради компликации предизвикани од инфекцијата.
Но, нејзиниот брак со Алберт ја заинтригирал јавноста уште пред наводното бегство за Африка, а познато е дека таа се омажила за него во солзи, откако дознала за неговото вонбрачно дете.

Интересно е и тоа што на нивната венчавка бил Владимир, кој сега е поврзан со принцезата, а во тој период се уште бил во врска со Наоми, која му била придружничка и која со текот на годините се дружела со кралската двојка.
Инаку, Доронин и Кембел беа во врска пет години, а Наоми по таа врска се пресели во Москва.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Каква е поврзаноста помеѓу контактот со очи и заљубеноста? Научниците имаат интересни одговори!

Се прашувате дали личноста што ви се допаѓа ги споделува вашите чувства? Психологијата вели дека …