(ФОТО) УБАВИНИТЕ НА МАКЕДОНИЈА: „Пехчевските водопади“ – скриениот бисер на Пехчево

Дарко Оносимоски по професија е дипломиран професор по географија, и сака да ги претстави местата кои ги посетува за викендите.
Денес ви го донесуваме написот за водопади на крајниот источен дел на нашата земја, со цел да се испромовира ова парче убавина
Македонија е убава земја, богата со природни убавини, реки, езера, планини, културно историски споменици итн. Каде и да погледнеме наоколу ќе здогледаме ретко убави пејзажи и природа кои го одземаат здивот. Патувањата и посетата на дел од убавините преставуваат еликсер за духот. Овој пат еликсерот за духот го пронајдовмево малешевскиот регион. Доколку имате авантуристички дух и имате желба да побегнете од градското секојдневие ви го преставуваме градот Пехчево и убавите пехчевски водопади.


Пехчево е мал град лоциран вокрајниот источниот дел на државата во малешевскиот регион. Градот е расположен е помеѓу Делчевската (Пијанец) котлина на север, Беровската (Малеш) котлина на југ и Општина Симитли на исток Р.Бугарија. Низ рамничарскиот дел на градот мирно тече пехчевска река. Интересен податок е дека Пехчево се наоѓа на надморска височина од 1.000 метри, што го прави вториот највисок град во Р.Македонија, веднаш после градот Крушево (1220 m). Затоа, не е ни чудо зошто се зборува дека Пехчево е идеално место за релаксација и одмор.
Градот е заштитен со густи и високи борови шуми и тоа е вистински рај за луѓе кои бараат воздушна бања со чист и свеж планински воздух.



Градот има долга и богата историја, за тоа сведочат голем број архолошки артефакти кои датираат од римско време. Во оваа градска населба во минатото се експлатирала железна руда од планината Буковиќ. Во минатото во рудниците постоеле печки во кои се топела железната руда. Според една хипотеза е дека присуството на печките е „виновник“ за топонимот на градот Пехчево.
Околу градот постојат голем број локалитети вредни за посета, но најпознати и најатрактивни се издвојува туристичката населба равна река и местото Ченгино калe, кое се наоѓа на 41° 43′ 15′′N,23° 1′ 58′′ E, што преставува најисточната точка во нашата земја. Тука извира река Брегалница која е втората најдолга река во нашата земја. Под Ченгино кале извираат Љутачка и Ж’тачка река, кои на местото Скокот се влеваат во друга река која продолжува во Равна Река.


Пехчевските водопади преставува скриениот бисер на Пехчево, посетата на овие водопади ги буди сите атоми на животот. Овие четири водопади заедно ги именуваме како пехчевски водопади кои преставуваат вистинска уметност на природата.



Спиковски водопад се наоѓа на Спиковска река која е десна притока на Равна река. Водопадите се наоѓаат во извонреден шумски амбиент . Името на овие водопади го добиле според истоимената река . Посетата на овие водопади е лесна поради тоа што има уредена пешачка патека од околу 500. метри. Височината на Спиковските водопади изнесува околу 8. метри. Целета пешачка патека е уредена со клупи и летниковци што го прави идеален простор за викенд посети.


Црнодолските водопади е именуван според местото каде што се наоѓа, Црн Дол исто така таа преставува притока на Равна Река. Уредената пешачка патека што води до овој водопад е долга околу 400. метри .Водата на овој водопад паѓа од 5. метри височина.
Скокотот е третиот водопад кој се наоѓа во горниот дел од Велевичка Река, веднаш по влевањето на Љутачка и Ж’тачка Река и изобилува со огромно количество вода. Водата од овој водопад има пад од околу 7. метри височина. До самото место води уредена пешачка патека која почнува од местото наречено Дебел рид и е со должина од околу 1500. метри.
Водопадот на Љутачка река е четврти водопад кој може да се посети само со теренско возило. Водата прави пад во височина од околи 10. метри


Пехчевските водопади, богатиот биодивезитет, чиститот планински воздух го прават Пехчево и малешевски регион место со голем потенцијал за рекреативен туризам.


Можностите на Пехчево и околината се големи, ваш е изборот дали ќе се одлучите да ги посетите пехчевските водопади и ќе се решите да седнете во некои од локалните рибници каде ќе вкусите калифорниска пастрмка. За љубителите на планинсрството стојат на располагање неколку атркативни патекина неколку убави врвови на Малешевските планини или планината Влаина.


Тоа ќе остане ваш избор. Што и да биде ваша одлука зграпчете го викендот и заменете го бетонското сивило со природни мириси и звуци од пехчевските водопадите и наполнете ги белите дробови со чист планински свеж воздух, очите со преубави природни пејзажи, а мислите оставете ги да одморат далеку од бетинските пејзажи.

Автор и фото: Дарко Оносимоски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кои се новите трендови во љубовните врски и како пандемијата влијаеше на нив

Најавени се нови трендови во љубовните врски, а истражувањата покажаа дека пандемијата има прилично големо …