(ФОТО) ЕМОТИВНО – НА БЕБЕТО ОКОЛУ ВРАТОТ МУ СЕ ЗАВИТКАЛА ПАПОЧНАТА ВРВКА, СЕ ПОРОДУВАВ 11. БОЛНИ ЧАСОВИ! Шехерезада објавила слики од породилиштето и сите ги расплакала!

Турската двојка Бергузар Корел (39) која е позната по улогата на Шехерезада и Халит Ергенч (51) кој го паметиме како Сулејман Величествениот, пред две недели добија трето дете – ќерката Лејла.
Шехерезада сега на својот Инстаграм објавила серија емотивни фотографии од породувањето и открлаи дека се породувала 11 часови. Исто така, со ова таа ја искористила приликата да им се заблагодари на сите кои биле со неа во тие моменти, но и го посочила името на фотографот.

Како што напишала, папочната врвца на бебето била обвиткана околу вратот, а она што е интересно е што Бергузар го претчувствувала точното време кога бебето ќе излезе. Заедно со описот под фотографиите, каде открила се за ситните компликации, им дала поддршка и на идните мајки.

На сликите е и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, кој цело време бил со неа за време на раѓањето на бебето.
„Приказната на Лејла беше единствена од првиот до последниот ден. И покрај силните болки додека излегував од дома, реков ‘можам да го родам ова девојче дури во 10 часот наутро’, а тоа го кажав и кога влегов на вратата од болницата. Во 40-та недела мојот доктор рече: ‘Има причина зошто ова девојче уште не е родено, можеби папочната врвка и е кратка’. Иако минуваа часовите, а моето тело ги заврши сите подготовки за доаѓањето на бебето, нашата ќерка сепак не дојде. По болни 11. часа поминати во болница, Лејла се роди токму како што реков, во 10 часот, со кратка папочна врвка завиткана околу вратот“, напишала актерката, сега веќе мајка на три деца, додавајќи дека секое раѓање е различно. .

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ШОК – Колеги, пријатели се простуваат од Славиша Кајевски: Неверица, удар, подмолен молк…

Откако одекна веста дека македонскиот актер Славиша Кајевски ненадејно починал, неговите колеги и пријатели во …