(ФОТО) Се бара за измама, а неговата 50-години помлада девојка објави слика од него во бегство

Марко Поло дел Неро со години беше најпознатиот менаџер на бразилскиот фудбал поради сите малверзации што можете да ги замислите. Тој се уште е во бегство, но тоа не ја спречува неговата девојка да објавува фотографии.
Дел Неро има точно 80. години, а бил член на FIFA, CONMEBOL и беше претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил. Во моментот кога започнало апсењето на функционерите на FIFA за корупција во 2015 година, Дел Неро ненадејно одлетал во Бразил.
Во декември 2015. година поднел оставка како претседател на ФС Бразил и оттогаш е на списокот на бегалци на властите на САД.
Кога FIFA го суспендираше во 2015 година, тој бил казнет со еден милион швајцарски франци. Тој во 2015. година бил обвинет за проневера, а обвинението вклучува и рекет, измама и перење пари. Тој поделил милиони долари како мито.
И додека овој бегалец вешто се крие (прашање е дали всушност се крие освен што не оди на натпреварите на Бразил), неговата 50-години помлада девојка, според некои информации е и негова свршеница, и решава да го објави на фотографии. Клара вешто ги крие своите години, а за неа се знае многу малку. Сепак, се претпоставува дека има помалку од 30. години, иако се знае дека е родена на 22. август.
Последната фотографија го споделила пред два дена, а на неа е и бегалецот Дел Неро. Таа тврди дека е вљубена во овој 80-годишен криминалец.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет знаци дека сте во врска со вистинската личност

Го запознавте партнерот од соништата и веќе некое време сте заедно. Сакате да верувате дека …