Дали имате ЗДРАВО СРЦЕ? Овој тест од 30. секунди ќе ви каже дали е време за КАРДИОЛОГ!

Срцевите проблеми не секогаш доаѓаат со јасни предупредувачки знаци.
На сите им е јасно дека е неопходно да се оди на редовни контроли, но има и еден тест кој можете да го пробате дома, а кој ќе ви ја открие состојбата на срцето.
Ќе ви помогне да добиете идеја како функционира вашето срце, а „Bright Side“ открива дека тоа е едноставен трик кој ќе ви го покаже здравјето на вашето срце за само 30. секунди.

Како се прави тестот?
Прв чекор
Земете поголем сад, во кој може да ги држите двете раце и наполнете го со ладна вода. За подобри резултати, додадете малку мраз.


Втор чекор
Ставете ги рацете во садот и држете ги точно 30. секунди. Ова ќе ви помогне да знаете како крвта ќе реагира кога ќе дојде во контакт со ледената вода.


Резултат

Ако сте направиле се како што треба, сега е време да ја проверите состојбата на вашето срце. Ова се два можни резултати.


1. Прстите поцрвенеле
Ако прстите ви се црвени, тоа е добар резултат. Тоа значи дека немате проблеми поврзани со оксигенација во крвта. Срцето и циркулацијата на крвта ви се во ред.

2. Прстите станале бледи или темно сини
Доколку прстите ви станале бледи или поплавеле, постои можност да имате проблеми со циркулацијата на крвта. Ова се случува затоа што вашите крвни зрнца имаат ниски нивоа на кислород или затоа што имате проблем со пренесување на кислород низ крвотокот.
Во овој случај, можете да се обидете да го загреете или масирате пределот на раката за да се врати во нормална боја. Ако тоа не се случи брзо, задолжително посетете лекар. Особено ако за време на тестот почувствувате отежнато дишење, болка во главата или градите, потење, вкочанетост во рамената, нозете, рацете, прстите или петите, вртоглавица, тоа е знак дека треба итно да направите преглед.

Фото: Принтскрин/YouTube/Dr. David Geier

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Зверев признал дека боледува од дијабетес

Александар Зверев јавно признал дека со години боледува од дијабетес и најави формирање на фондација …