(ФОТО) Ѕвездата од серијата „Сексот и градот“ има ново лице: „Изгледа како Џокер од Бетмен“

Кристин Дејвис (56), ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, изгледа непрепознатливо во новата најава на серијата, со која започнаа нови гласини за пластичните операции на кои таа се подложила.
Сите со нетрпение ја очекуваа новата најава, но наместо коментари за заплетот и ликовите во серијата, вниманието го украде „новото“ лице на Кристин, за кое многумина веруваат дека е резултат на неуспешна пластична операција.


„Што направи Шарлот со лицето?“, „И баш така, Шарлот има ново лице“, „Порано беше природна убавица“, „Кристин Дејвис личи на Џокер од Бетмен“, „Се прашувам колку платила за страшната пластична операција“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.



Инаку, Кристин уште во 2018. година во едно интервју изјавила дека се плаши од игли, компликации и конечни резултати од естетската хирургија и не е склона да оди „под нож“ за да биде помлада или поубава. Сепак, фотографиите од сетот покажуваат поинаква реалност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Елизабет Харли во тесен фустан кој едвај и ги покрива градите

Британската актерка Елизабет Харли (56) на својот Инстаграм профил објави кратко видео од снимање и …