(ФОТО) НА БАЛИ БЕГ МУ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР ОД 4. ГОДИНИ: Еве зошто омилениот турски глумец би можел да заврши ЗАД РЕШЕТКИ!

На актерот Бурак Озџивит, на домашната публика попознат како Бали Бег му се заканува затворска казна до четири години.
Имено, еден од најпопуларните турски актери би можел да заврши во затвор поради навреда на честа, пренесува NTV.
Доколку биде обвинет, тој се соочува со четири години зад решетки. Но, последниот збор ќе го даде Третиот суд во округот Беикоз во Истанбул.

Актерот бил виновникот за инцидентот што се случил минатиот декември на снимањето на серијата „Курулус Осман“. Сценографот и уште тројца членови на тимот го тужеле за навреда на честа. Во соопштението доставено до судот се наведува дека актерот среде снимањето излегол од шаторот и почнал да ги навредува и да ги нарекува со погрдни имиња, што можат да го потврдат повеќе сведоци. Сепак, тој ги негирал обвинувањата.

Медиумите наведуваат дека учесниците во инцидентот се обиделе мирно да го решат проблемот, но не постигнале договор. Озџивит во наредните денови ќе сведочи пред судија.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Тоше Проески и групата „903“ во досега необјавената песна „Марија“ од почетоците на неговата кариера

Вчера Тоше Проески да беа околностите поинакви ќе славеше роденден, а регионалните медиуми тоа го …