(ФОТО) Линдзи Лохан се врати – фановите згрозени од изгледот: „Што е ова“

Американската актерка Линдзи Лохан (35) се прослави со улогите во филмовите на Дизни „Стапица за родителите“, „Луд петок“, но и во филмот „Опасни девојки“, сега се враќа на малите екрани во божиќниот филм на Нетфликс, кој пристигнува во 2022. година.

Нетфликс објави заедничка фотографија од Линдзи Лохан и Корда Оверстрит (32), па најавен е и претстојниот новогодишен филм.
„Враќање на работа, не можам да бидам посреќна. Акција“, напиша Линдзи Лохан со фотографија од филмот.


Илјадници нејзини обожаватели се воодушевени што се вратила, но не можеле а да не забележат колку таа се променила.
„Изгледа сосема поинаку, премногу си го ‘фотошопирала лицето’, нема потреба“, напишала една жена, а друга додала:
„Што е ова, не ја препознав додека не го видов името“.
Да потсетиме, актерката имаше проблеми со опијати, па беше на рехабилитација, а извесно време и во затвор.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …