„Влатко Стефановски трио“ вечерва со концерт во INTERMEZZO MUSIC BAR

Вечерва еден во низата успешни концертни настани во Intermezzo Music Bar е настапот на мегапопуларното Влатко Стефановски Трио.
Во среда, 17.11.2021, неповторливиот автор и гитарист ќе биде придружуван од својот син Јан Стефановски на тапани и Иван Кукиќ на бас гитара.
Влатко Стефановски како еден од најголемите виртуози на овие простори е препознатлив по својот посебен стил на комбинирање на традиционалните и рок звуците.


Концертот ќе биде микс од етно, рок, поп и џез звуци, како и голем дел од неговото богато авторско творештво.
Влезниците се веќе пуштени во продажба, а местата се ограничени, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место.
Настанот ќе биде спроведен со примена на сите здравствени протоколи за заштита и превенција од Ковид-19.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …