(ФОТО) МОМЧЕТО ОД КУЛТНИОТ ФИЛМ ЈА ЗАВЕЛ ПОРАНЕШНАТА СОПРУГА НА НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК: Се прослави на 13. години, а поради ова не веруваат колку ГОДИНИ има сега!

Актерот Томас Броди-Сангсте, кој го паметиме како момчето Сем од филмот „Всушност љубов“, е во врска со Талула Рајли, поранешната сопруга на Илон Маск.
Актерот Томас Броди-Сангстер ги освои срцата на публиката во филмот „Всушност љубов“, во кој го играше момчето Сем кога имал само 13 години, пренесува „Dnevnik.hr“.


Томас денес има 31. година, но изгледа прилично помладо, па се уште е лесно да се препознае, а сега ја завел и пет години постарата актерка Талула Рајли, која е позната и како поранешна сопруга на еден од најбогатите луѓе во светот, Илон Маск.
Талула двапати се омажила за инвеститорот и милијардер. Тие првпат застанале пред олтарот во 2010. година, а се развеле во 2012. година, за во 2013. година повторно да се венчаат и да се разведат во 2016. година.



Таа го запознала Томас на снимањето на филмот за „Секс пистолс“ во кој и двајцата глумат, а врската започнала летово, но досега успешно се криеле од јавноста.
Папараците неодамна ги фотографираа на романтична прошетка во Лондон на која се гушкале и се држеле за раце, со што потврдиле дека се пар, но и дека Талула ставила крај на бурната врска со уметникот Метју Риц, со кој беше по разводот од Маск.


Новопечениот пат ја изненадил и јавноста бидејќи Томас е многу помлад од споменатите поранешни партнери на Талула, кои се во шестата деценија.
Инаку, Томас имавме можност да го гледаме во мегапопуларната серија „Гамбитот на дамите“, а многумина беа изненадени колку малку се променил откако го глумеше 13-годишниот Сем во култната романтична комедија која го прослави.



Поради младешкиот изглед актерот имал и проблеми. Честопати не верувале дека е возрасен, па му велеле дека не е доволно возрасен за, на пример, да нарача алкохол.

Извор: Dnevnik.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …