(ВИДЕО) „Пустелија”, прв сингл на Љубојна и DULELUD во кој се спојуваат етно музиката и електронскиот звук

Бендот Љубојна и продуцентот DULELUD го промовираат нивниот прв заеднички проект, „Пустелија”, во кој ги споија магичниот етно вокал на Вера и електронскиот звук.


Оваа соработка е нешто на што DULELUD подолго време се фокусираше и вели дека му е огромна чест што токму со Љубојна го направи првиот чекор.
„Кога две различни движења во доменот на музиката ќе ги спојат своите сили, резултатот е неизбежен – ремек дело. Така беше и овој пат. Инкорпорирајќи го македонскиот мелос изведен од ‘Љубојна’, успеав да се осознаам на поразличен начин и да креирам сингл според вибрацијата на моето срце”, вели DULELUD.



Спотот за „Пустелија” комплетно го реализира Виктор Стоимиров, а е сниман на локацијата Силвер лејк сенд дјунс во Мичиген, САД.
Синглот беше премиерно пуштен летово на островот Миконос, во елитниот клуб „Скорпиос”.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што може да се случи во вашиот организам ако јадете ДВЕ ЛАЖИЧКИ МЕД секој ден? Канадските научници дојдоа до многу интересни податоци

Еве како редовното консумирање мед може да влијае на организмот Канадските научници истражувале и утврдиле …