Потврдено од 70.000 парови: Вака изгледаат врските во кои паровите се задоволни со сексот

Американскиот психолог и терапевт Џон Готман целата своја кариера ја посветил на истражување на брачните односи. Готман е во брак повеќе од 30. години со психологот Џули Шварц Готман, со која го основал Институтот за помош на парови.
Во интервју за „Psychology Today“, Џон и Џули зборувале за тоа како паровите во долги врски можат да го подобрат својот сексуален живот.
По тој повод, Џон ги открил навиките на паровите кои имаат одличен сексуален живот:
– Една работа ме импресионираше кога анализирав што е потребно за одличен сексуален живот. Како се одржуваат живи романтиката и страста во врската и како се негува сексуалната желба. Книгата The Normal Bar претставува студија спроведена на 70.000 парови во 24. земји во светот. Од неа успеав да ги издвојам навиките на паровите со добар сексуален живот, а тоа се многу едноставни работи – вели тој.


Џон Готман навел само некои од однесувањата што ги практикуваат среќните парови:
– Секој ден разговараат, си велат дека се сакаат и навистина го мислат тоа.
– Тие ќе се бакнуваат страсно без причина.
– Тие си даваат комплименти.
– Си приредуваат романтични изненадувања.
– Излегуваат на состаноци.
– Таа често се галат.
– Јавно изразуваат нежност.

Ова не е научна фантастика. Тајната на добрата сексуална врска е буквално да останете во физички контакт еден со друг.
Џули истакнала дека паровите често се под притисок бидејќи очекуваат премногу од сексуалниот однос.
Луѓето мислат дека сексот мора да биде совршен, дека мора да изгледа холивудски. Огнометот мора да пукне околу вас додека ѕвездите сјаат на небото, под Месечината. Тоа едноставно не е реално. Сексот не мора секогаш да биде совршен или романтичен. Тоа знаење им дава слобода на паровите да бидат поизразени и покреативни во креветот, заклучила таа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …