(ФОТО) ЌЕРКАТА НА ПОЛ ВОКЕР ПРВ ПАТ ЗА НАЈТЕШКАТА БОРБА СО РАК: Болна објава од операционата сала!

Медоу Рејн, ќерката на трагично настраданиот актер Пол Вокер, открила дека се борела со тумор.
Ѕвездата на филмот „Брзи и бесни“, Пол Вокер, трагично загина во 2013. година во несреќа кога неговото Порше удри во метален столб на улицата, по што возилото се запали. Актерот останал заробен на своето седиште во својот автомобил, а наводно појасот го „приклештил“ и му ги скршил ребрата и карлицата.
Зад себе ја остави ќерката Медоу Рејн, која ја доби со Ребека Рејн, а која почна да живее со него на 13. години бидејќи нејзината мајка консумирала премногу алкохол.
Во едно од последните интервјуа, Пол дури изјавил дека сака да го напушти актерството и да се посвети на семејството.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Meadow Walker (@meadowwalker)


Како што тогаш тврдел, му здосадил животот на филмска ѕвезда и мислел дека Холивуд е обично „ѓубре“. Меѓутоа, неговите планови биле прекинати со несреќа кога неговиот пријател и финансиски советник Роџер Родс ја изгубил контролата над возилото.
Неговата ќерка Медоу Рејн денес има 23. години и е модел. Иако неодамна се омажи за Луис Тонртон-Алан, кога до олтарот ја однесе Вин Дизел, долгогодишен пријател на нејзиниот татко, никој не се ни посомневал дека Медоу се бори со тумор.
Манекенката на својот Инстаграм профил објавила фотографија од операционата сала и порачала:
– На денешен ден пред две години. Изминав многу долг пат. Збогум на туморот. Благословена сум и благодарна – напишала Медоу во описот на објавената фотографија.

Таа добила голема поддршка од нејзините придружници, но не сакала да открие повеќе детали.
„Мило ми е што си среќна сега“, „Што и да ти се случило, мило ми е што си сега подобро“, „Жал ми е што мораше да поминеш низ ова“, „Тато те чува од рајот“, напишале некои од коментарите.
Да потсетиме, Пол Вокер беше голем хуманитарец и ја имаше Фондацијата Reach Out Worldwide (ROWW) која им помагаше на луѓето погодени од природни катастрофи.
За жал, на 30. ноември 2013. година, актерот и неговиот пријател и финансиски советник Роџер Роудс се возеле со Порше во Санта Кларита. Роџер ја изгубил контролата над автомобилот, кој удрил во столб за светло, удрил во дрво, по што автомобилот експлодирал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Андреа се надева дека ќе ја претставува нашата земја на Евровизија со Circles

Circles се вика песната на Андреа која влезе во најтесниот круг од 6. песни за …