Година и пол возел бесплатно на автопат, секогаш со истиот изговор

Возач од Хрватска дури 88. пати го користел автопатот без да плати патарина.
Доминик (37) цела година и половина возел бесплатно на автопат. Во тој период 88. пати ја поминал наплатната рампа и излегол на посакуваниот излез, без воопшто да плати. Како е тоа можно?
Всушност, се покажало – сосема едноставно. На рампата би рекол дека нема пари, пишува Danica.hr.
Против него деновиве е покренато обвинение со кое се товари дека од јуни 2019. година до крајот на ноември минатата година за значителна сума ја оштетил фирмата „Hrvatske autoceste“.

Според обвинението, „на автопатот А3 Липовац – Загреб – Брегана, со умисла да го користи автопатот и да не плати патарина, при влегувањето на автопатот 88 пати земал картички за плаќање. Но, при пристигнувањето на излезот одбивал да ја плати патарината, наведувајќи дека нема пари, со што „Hrvatske autoceste“ се оштетени за вкупно 10.672 куни (околу 1.420 евра).
Властите сега го товарат за кривично дело измама и бараат една година условна затворска казна и враќање на парите во HAC, со камата.
Доминик од Винковци се бранел дека не платил патарина бидејќи токму во тој период западнал во финансиски тешкотии. Вели дека немал намера, во ниту еден момент, да мами.

loading...

На излезот од автопатот потпишувал изјава дека ќе плати
„Тогаш имав компанија и бев принуден да користам различни делови од автопатот речиси секој ден за деловни цели. Но, во еден момент мојата компанија беше блокирана, па веќе не можев да плаќам за користење на автопатот“, изјавил Доминик.
За време на истрагата, претставникот на HAC открил дека Доминик често користел различни делници на автопатот А3 Брегана-Загреб-Липовац и дека на излезот изјавувал дека нема пари, па касиерите му составиле изјава, која потоа ја потпишувал со свој ракопис.
„Но тој никогаш не подмирил ниту една подоцна издадена фактура и продолжил да го користи автопатот. Со ваквото однесување ја оштетил нашата компанија во износ од вкупно 10.672 куни, што е надоместок за користење на автопатот. Тој со однапред смислено однесување намерно ги доведувал во заблуда касиерите дека подоцна ќе ја плати неплатената патарина, иако знаел дека нема да го стори тоа кога ќе влезе на автопатот“, тврди претставникот на HAC.
Доминик, инаку, е оженет и татко на пет деца, моментално невработен и без имот. Нему досега не му се судело и против него не се воделе други судски постапки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавени се резултатите од истражувањето за мапирање на ИТ индустријата во Македонија

Во продолжение соопштение од порталот It.mk за споделување на резултатите од истражувањето за мапирање на ИТ …