(ФОТО) АТП ТОРИНО: Извлечена групите за финалето на АТП, Новак го чека пеколно тешка работа!

Новак се бори за историја на АТП финалето во Торино. Таму ќе настапи во зелената група.
Новак Ѓоковиќ на завршниот турнир во организација на АТП досега шест пати го крена шампионскиот трофеј, а сега „брка“ историја, односно седми трофеј. Така би го прескокнал Андреа Агаси со кој во моментов ја дели првата позиција со по шест трофеи.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на завршниот турнир во Торино ќе игра во зелената група (група А).


Негови ривали се Стефанос Циципас, Андреј Рублев и Каспер Руд.

Во црвената група (група Б) ќе се борат Данил Медведев, Александар Зверев, Матео Беретини и Хуберт Хуркач.
Познат е и распоредот за првите натпревари во секоја група:

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Ѓоковиќ во финалето во Тел Авив

Новак Ѓоковиќ е во финалето на турнирот во Тел Авив. Србинот во полуфиналето го скрши …