Она што прво го забележавте на сликата може да ви открие како се справувате со ПРОМЕНИТЕ во животот

Ова е интересен тест за личност со оптичка илузија.
Многу научни студии покажале дека луѓето различно го толкуваат она што го гледаат во зависност од нивната личност.
Очите гледаат се, но мозокот прво го избира она што ви е најважно, а тоа во голема мера го отсликува вашиот карактер, како и квалитетите кои ги поседувате.
Погледнете ја сликата уште еднаш, а во текстот подолу пронајдете го поимот што првпат сте го забележале и дознајте како реагирате кога се во прашање промените во животот.


Лисица
Во повеќето ситуации имате контрола над чувствата и не сте подложни на импулси. Совршено сте избалансирани, дури и кога животните предизвици ви ја „поместуваат земјата под нозете“ затоа што останувате смирени и подготвени да се соочите со сите проблеми.
Во ситуации кога иднината изгледа неизвесна, се трудите да останете смирени и да ги прифатите промените во животот. Многу ретко реагирате импулсивно. Подготвени сте да се соочите со сите животни бури, но не дозволувате ништо да ви ја наруши внатрешната енергија.

Птици
Вие сте вулкан од емоции и дозволувате секоја ситуација да ве вознемири. Често сте загрижени и исплашени поради проблемите кои се уште не се појавиле. Секоја ситница може да ве вознемири и да ви отежне да ги контролирате емоциите.
Обидете се да создадете емоционална рамнотежа со техниката на релаксација – медитирајте, поминувајте повеќе време во природа, слушајте музика. Најдете начин да го ослободите стресот, но во никој случај не ги потиснувајте емоциите.


Лице на жена
Умот ви е бистар и речиси и да нема настани што можат да ве доведат во состојба на драма. Не сте родени со овој подарок, веќе сте го научиле од искуство.
Обидете се да не се грижите за работи кои се надвор од ваша контрола. Имате голема моќ да ги насочите емоциите кон добри работи, а кога сте под стрес ви помагаат креативните проекти, медитацијата и јогата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(РЕЦЕПТ) Го смирува ЖЕЛУДНИКОТ, ја обновува СЛУЗОКОЖАТА: На овој начин подгответе ги семките од ЛЕН и прочистете го организмот

Ако имате болки во желудникот, се нервирате, пиете премногу лекови, лененото семе ќе биде вашата …