(ВИДЕО) Една мајка „измолзела“ розово млеко и објаснила што значи тоа

Новопечената мајка Џо Џонсон Оверби доела околу шест недели кога забележала дека нејзиното млеко има неочекувана розова нијанса. Го повикала сопругот во собата, убедена дека очите ја мамат, по што ја повикала својата сестра која работи како медицинска сестра во детска хирургија.
„Никој не ми кажа дека кога ќе родам бебе и ќе одлучам да дојам, моето млеко ќе биде во неколку бои“, рекла таа во вирално видео што го погледнале повеќе од 12,6 милиони љубопитни очи.

@jojohnsonoverbyStrawberry milk brought to you by an aggressive clog 🥲 #newmom #breastfeeding #pumping


♬ original sound – Jo Johnson


„Приказ А. Бојата што би ја очекувале, нели?” вели таа во видеото држејќи кесичка со бело мајчино млеко пред да премине на друга кеса која на шега ја опишала како млеко од јагода. Приказ Б. Зошто е розова? Тоа е крв. Бебето сè уште може да го пие. Значи, од вас зависи дали ќе и дадете или не”.
Два типа на луѓе одговориле во коментарите – оние кои знаеја дека мајчиното млеко може да биде со различни бои и со ентузијазам ги навеле различните нијанси на розова, бела и зелена што лично ги доживеале; или оние кои никогаш не слушнале за таков феномен и ѝ се заблагодариле и’ на неа и на TikTok што ги информирала за сето она низ кое минуваат човечките тела.
Жените генерално развиле дискусија за општиот недостаток на знаење за бременоста воопшто и ја пофалија Џо за тоа што била отворена за нејзините искуства.
Со цел да се добие некое објаснување за различната боја на мајчиното млеко, гинеколог и експерт за репродуктивна ендокринологија и неплодност, др. Емили Џејкобс, рекла: „Најчеста причина за ‘крваво’ мајчино млеко се оштетените брадавици од доењето, како пукнатини или ‘партали’“.

„Исто така, мајчиното млеко обоено со крв може да биде знак за инфекција на дојката наречена маститис. Обично е придружена со црвени, болни гради и симптоми слични на грип, вклучувајќи висока температура и болка“, изјавила таа за BuzzFeed. „Доколку жената е загрижена дека може да има маститис, треба да се јави кај својот лекар бидејќи можеби и требаат антибиотици“.
„Конечно и многу ретко, мајчиното млеко обоено со крв може да биде знак за посериозен проблем, како што е ракот на дојката. повлекување на брадавиците, вдлабнатини на кожата или други промени на кожата околу градите, тогаш треба да побарате мислење од лекар“.
За оние кои споменуваат широк спектар на бои, др. Џејкобс рекла: „Нормално е да се види дека бојата на мајчиното млеко се менува со текот на времето, особено во првите неколку недели по раѓањето. Колострум кое е првото млеко настанато во градата за време на бременоста и се излачува само во кус период по раѓањето е густо и жолто до портокалово. Зрелото млеко е генерално побело, слично на кравјото млеко. Зеленото или кафеното млеко може да биде знак за инфекција на дојката, како што е маститисот“.
Пред да ја добие ќерката, Џо на почетокот била изненадена исто како и придружниците кога ги видела сите бои што ги има нејзиното млеко за доење.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, …