(ФОТО) ИСТРАГАТА Е ВО ТЕК: Против Алек Болдвин е поднесена приватна тужба

Член на екипата на филмот „Rust“, кој минатиот месец бил сведок на фаталното пукање за време на снимањето на една сцена, денеска поднел тужба за несовесно однесување против актерот Алек Болдвин и продуцентот на филмот.


View this post on Instagram

A post shared by Tanja Reuter (@tanja_reuter)


Холивудскиот магазин Deadline и веб-страницата за познати личности TMZ објавија дека Серж Светној, електричар кој на снимањето филмот во Санта Фе, Ново Мексико, ги обвинил продуцентите и другите членови на филмската екипа, вклучително и актерот Алек Болдвин, дека не ги примениле безбедносните стандарди и дозволиле „Револверот наполнет со боева муниција да биде насочен кон живи луѓе на сетот на филмот“, пишуваат медиумите.
Тужбата на Серж Светној е прва поднесена за случајот со смртоносен истрел од страна на актерот Алек Болдвин кон крајот на октомври.


Властите во Санта Фе, Ново Мексико се уште истражуваат, но засега не е покрената тужба за фаталниот инцидент.
Снимателката Халина Хачинс беше убиена на 21. октомври, а режисерот Џоел Соуза беше ранет кога пиштолот на Болдвин, за кој се сметаше дека е безбеден, испука куршум.
Покрај Алек Болдвин, електричарот Светној ги тужел и Хана Гутиерез и помошникот директор Дејв Холс, кој на истражните органи им рекол дека на Болдвин му го дал пиштолот за време на пробата.

Правните застапници на Болдвин, Холс, Гутиерез и продуцентската куќа не одговорија веднаш на денешното барање да го коментираат поднесувањето тужба од електричарот Серж Светној.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Познатиот композитор е целосно уништен: „Скршен сум, не напушти пред неколку часа“

Еден од најпознатите британски композитори, Ендрју Лојд Вебер, објави дека неговиот најстар син Николас починал …