Оваа супа е најдобра за рамен стомак, вели диететичар

Студените есенски и зимски денови со помала сончева светлина може да ни го нарушат расположението, па дури и да доведат до зголемување на килограмите. Истражувањата покажуваат дека луѓето во зимските месеци се здебелуваат во просек од половина до еден килограм.
Постојат неколку причини за тоа – со помалку витамин Д, нивото на енергија ни е пониско, додека луѓето со сезонско афективно растројство (САД) во зима јадат повеќе јаглени хидрати, особено слатки и скробна храна.
Но, храната која многу ќе ни одговара кога живата во термометарот ќе падне се вкусните супи. Не само што можат да не загреат и да го задоволат гладот, туку помагаат и во борбата против вишокот килограми. Всушност, една мета-анализа од 2020 година објавена во списанието Physiology & Behavior покажала дека консумирањето супа е значително поврзано со помал ризик од дебелина.
„Супата може да биде една од најдобрите намирници за контрола на телесната тежина, се додека се вклучени вистинските состојки. Всушност, според студијата објавена во British Journal of Nutrition, конзумацијата на супа е поврзана со зголемениот внес на протеини и влакна, кои се две хранливи материи кои можат да го поддржат слабеењето“, изјави за Eat This диететичарот Лорен Манакер.


Во супите само треба да внимавате да не бидат богати со натриум и калории.
„Натриумот може да предизвика надуеност, па дури и не е најдобриот избор да се додаде павлака, путер или млеко во супите, бидејќи тоа не придонесува за контрола на тежината“, истакнува Манакер.
Диететичарот како најдобра опција наведува обична супа од зеленчук со говедско месо и малку ѓумбир.
„Многу податоци покажуваат дека конзумирањето повеќе зеленчук е поврзано со намален ризик од зголемување на телесната тежина. А додавањето зеленчук во супата е лесен начин да се зголеми внесот на зеленчук“, тврди Манакер.
Покрај зеленчукот, можете да додадете и грав. Богат е со влакна и е поврзан со подобра регулација на тежината.
Направете говедска супа од коски и додадете протеин во вашата супа. Ќе ве заситат.
„Кога размислувате за база на супа, прескокнете кремасти и тешки избори и потпирајте се на домашна супа од коски која не содржи многу натриум. Иако традиционалната супа со малку натриум е добра, супата од коски содржи повеќе протеини – хранливи материи“, забележува диететичарот.
На крајот, зачинете ја супата со малку ѓумбир. Тоа е уште една состојка која може да им помогне на луѓето да одржат здрава телесна тежина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

РЕЦЕПТ ЗА БРЗО СЛАБЕЕЊЕ: Наместо вечера, јадете го ова! 

Следете ги овие совети и килограмите сами ќе исчезнат Ако сакате да изгубите тежина, тоа …