БАРБИ ДИЕТАТА, НА МАРГО РОБИ, ГИ ПОЛУДЕ ЖЕНИТЕ ВО СВЕТОТ: Следете ги овие правила и до Нова Година ќе бидете ФИТ!

Барби диетата стана најголемиот хит во светот
Марго Роби моментално снима филм во кој ја игра најпознатата кукла на светот Барби, а за да ги исполни барањата на предизвикувачка улога, холивудската актерка следи строга диета за да ја одржи својата форма, која станува се попопуларна во последно време.
Таа зборувала за „Барби диетата“ во неодамнешното интервју за British Women Health.
Основниот принцип на оваа диета е следниот: многу малку јаглехидрати и без слатки.
Поентата на оваа диета е дека се базира на протеини и влакна, додека шеќерот треба целосно да се елиминира, особено во првите 10. дена. Во овој период е забрането и овошје. После тоа, дозволено е една овошка дневно.

Внесот на калории не треба да надминува 1200.

Вака изгледа менито на актерката за еден ден:
„Мојот појадок обично се состои од овесна каша и шејк за зајакнување на имунитетот. За ручек јадам салата од пилешко, а за вечера стек од туна и слатки компири. Инаку, пијам чај во текот на денот, со кој сум опседната откако живеам во Велика Британија, рекла Марго.

Покрај здравата исхрана за улогата Барби, Марго се префрлила на тренинзи со висок интензитет, со страст за пилатес.
„Секогаш се чувствувам многу подобро по добро истегнување. Но, кога не се подготвувам за улогата, претпочитам тренинзи во кои навистина уживам – часови по танц или играње тенис со пријателите“, изјавила убавата русокоса.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Објавена новата корона карта на ЕУ: Нема зелени области!

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова мапа на короната на Европа, …